Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетичарката од Кенија, Џамима Сумгонг е суспендирана на осум години од сите натпреварувања, со што е двојно зголемена претходната казна за допинг.
Шампионката во маратон во 2016 година во Рио падна на допинг-тест една година подоцна, кога беше позитивна на еритропоетин.
Сумгонг во своја одбрана кажа дека та супстанца била вбризгана од нелегално лице во текот на штрајкот на докторите во Кенија, но нејзините тврдења не го убедија судот.
Независниот дисциплински трибунал на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) во меѓувреме наведе дека кениската атлетичарка ги лажира медицинските документи.
Таа прво беше суспендирана на четири години, но ИААФ сега даде двојна казна, зашто направила и други прекршоци.