Орие се сели во Премиер Лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според францускиот весник „Л’Екип“ Тотенхем се договорил со ПСЖ за трансфер на десниот бек Серж Орие но ќе мора да чека на судската одлука дали на играчот ќе му биде дозволен влез во Англија.

24 годишниот играч кој е посочен како замена за Кајл Вокер во моментов има забрана за влез во Велика Британија откако му беше дадена двегодишна суспензија поради напад на полицаец во 2016 година.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска поднел жалба на ваквата одлука, но не се знае дали истата ќе биде прифатена и дали Орие ќе може да го оствари трансферот во редовите на Тотенхем.