Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Орландо Меџик се на пат да потпишат уште еден крилен центар во составот кој и онака е преполн со играчи кои се борат за минутажа на истата позиција.
Се работи за искусниот НБА ветеран Едријан Пејн, кој минатата сезона настапуваше за тимот на Минесота Тимбервулвс.
Орландо Меџик му понудиле едногодишен договор со кој ќе заработи нешто над еден милион долари. Пејн на почетокот на овој месец одби понуда од кинеската лига, од тимот на Гуандонг кој му понуди двегодишен договор вреден 900 000 долари по сезона.
Според американските медиуми, Пејн ќе го прифати договорот и веќе следната недела ќе биде промовиран како нов играч на Орландо Меџик. Доколку тој пристигне во тимот на Орландо Меџик ќе се бори за минутажа со Арон Гордон, Морис Спејтс и Џејсон Ајзак.