Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тито Ортиз вчера на Белатор 170 настанот во Инглвуд за 2 минути победи уште една ММА легенда, Чаел Сонен.
Најавата на натпреварот беше навистина спектакуларна. Борците одвај чекаа да влезат во рингот, каде што доминираше Ортиз.
Борбата беше готова по 2 минути. Ортиз успеа да дојде во положба од која за Сонен немаше спас. Успеа да го „загуши“ и да стигне до победа во долго очекуваниот натпревар.
41-годишниот Ортиз така стигна до 19-та победа во кариерата, во која има и 12 порази додека за 39-годишниот Сонен ова беше 15 пораз, а тој има и 29 победи.