Османоски ново име во А репрезентацијата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Игор Ангеловски одржа краток брифинг со медиумите по повод собирот на репрезентативната селекција и стартот на подготовките за пријателскиот натпревар против Норвешка.

Во составот е приклучен и 17 годишниот Анес Османоски кој настапува за младинскиот тим на Унтерахинг. Османоски е стандарден член на репрезентацијата до 18 години.

Кире Ристевски и Висар Муслиу се приклучија на собирот, но се уште се неизвесни за настап против Норвешка. Виси настапот и на Аријан Адеми кој се пожалил на болки во зглобот.

„Без разлика на отсуствата на неколкумина фудбалери, јас верувам во тимот и во играчите кои ги имаме на располагање за претстојниот натпревар. Знаеме што нѐ очекува, ќе се соочиме со различен стил на игра кој го форсираат Норвежаните, но верувам дека ќе го наметнеме нашиот ритам и со успех ќе ја завршиме фудбалската 2017 година. На овој дуел ќе пробаме неколку тактички варијанти и се надевам дека сите ќе бидат на висина на задачата. Ново име во репрезентацијата е Османоски кој е дел од младите национални тимови на Македонија и со тоа ја продолжуваме праксата да им дадеме шанса на младите кои во иднина можат да бидат важен дел од А тимот, како што е случајот со Чурлинов, Елмас, Атанасов. Кире Маркоски исто така ќе биде дел од составот на Македонија, околностите во тимот за него се познати и верувам дека ќе ја оправда довербата, исто така како што го направи тоа во квалификациите за младинското ЕП 2017“- изјави Игор Ангеловски.

Првиот тренинг Македонија ќе го одработи денеска во 16:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.