Осман гордо го прошета македонското знаме на Олстарот: Ја сакам Македонија! (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Турскиот репрезентативец Чеди Осман не заборави каде е роден, па реши гордо да го носи македонското знаме на мечот на „Ѕвездите во подем“ во Шарлот на Олстар-викендот.

Осман немаше многу добар натпревар, зашто постигна само два поени, три скока и четири асистенции, но во центар на внимание беа неговите патники, на кои Турција и Македонија го пронајдоа своето место.

„Среќен сум тука и што го играв натпреварот. Беше многу забавно. Јас сум роден во Македонија и ја претставувам Турција вечерва. Двете знамиња се на моите патики затоа што двете ги знам. Знам дека тие ме поддржуваат“, кажа Осман.


Охриѓанецот е втор во историјата кошаркар роден во Македонија и кој бил дел од Олстар-викендот, откако пред него тоа го направи и Перо Антиќ.