Остана Мурињо со „поткусени ракави“: Ниту во Реал за него нема место…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што тврдат шпанските медиуми, Мурињо нема да се врати во Реал.

Постои голем отпор во соблекувалната која е предводена од Серхио Рамос, но и горните ешалони на клубот, меѓу директорите кои тврдат дека односот со медиумите на Мурињо и наследството кое го остави кога замина пред три сезони ќе бидат преголем ризик.

Флорентино Перез се поколеба, сакаше да ги врати Мурињо и Каранка како помошници, но од друга страна и самиот има причина да верува дека враќањето на Португалецот би донело проблеми во онака раздрманиот клуб.

Прва мета останува Покетино, меѓутоа на Реал не му паѓа на памет да плати 40 или 50 милиони оштета за Аргентинецот. Пореална солуција е Алегри кој ги одби минатата година, но сега се надеваат дека ќе прифати нов предизвик, а веруваат дека работите ќе бидат полесни со фактот дека Јувентус веќе има подготвена замена, Зинедин Зидан.

Познато е и дека ќе биде платена клаузула од 50 милиони за Милитао, стоперот на Порто, со што Рамос ќе добие наследник, а дека и натаму прва мета е Азар, како и Мауро Икарди кој се очекува да ја преземе „деветката“ од Бензема.

Од клубот сигурно ќе замине Кејлор Навас, продолжен му е договорот, но тој сака да брани во друга средина. Касилјо замина во Лидс, а од позајмица летово ќе бде вратен младиот Украинец, Лунјин кои ќе биде резерва за Куртоа.

Останува да се реши прашањето со Иска, иако ако дојде Алегри, тој нема да оди никаде, а ќе видиме што ќе се случи и со Марсело кој не е на нивото од изминатите клубови и делува незаинтересирано.