Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Жозе Мурињо и Антонио Конте во последните денови водат вистинска „војна“ во медиумите, а сега Португалецот силно загриза за фудбалерот кој е во немилост на Конте.
Луиз е подготвен да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по втор пат во кариерата, а најсериозен кандидат за неговиот потпис е токму Манчестер Јунајтед. Според последните информации од Островот веќе се започнати преговорите за негов трансфер на „Олд Трафорд“.
Покрај Луиз, Мурињо во јануари планира да го донесе и Месут Озил од Арсенал за кого е подготвен да издвои 35 милиони фунти. Германецот ќе пристигне меѓу „ѓаволите“ само ако Манчестер Јунајтед го продаде Хенрик Микитаријан оваа зима.