Отворена истрага по потегот на Кејн: Најдобриот фудбалер на Тотенхем се соочува со три меча суспензија?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн се соочува со казна по мечот против Челси.

За потсетување, „Петлите“ синоќа во рамки на Премиер лигата загубија со 2:0, а Кејн и дефанзивецот на домаќините Цезас Аспиликуета имаа еден судир во текот на првиот дел кој главниот судија Андре Маринер не го виде.

Сепак, ФА одлучи да отвори истрага против напаѓачот на Тотенхем и ако се докаже дека е виновен, би можел да се соочи со суспензија од три натпревари.

Тоа значи дека Кејн во тој случај би го пропуштил големото дерби на северен Лондон во кое ќе се сретнат Арсенал и Тотенхем за време на викендот.

„Петлите“ веројатно ја загубија битката за титулата по синоќешниот пораз, па сега мора да внимаваат да не ја загубат и позицијата која води во Лигата на шампионите следната сезона.

Токму поради тоа многу им е важно на располагање да бидат најдобрите фудбалери, а Кејн секако е на врвот на таа листа.