„Отиде предалеку, мојот агент претера“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Медиумите во Франција во последно време немаат милост кон италијанскиот фудбалер, Марко Верати. Се почесто има критики на негова сметка, а тоа резултираше со шпекулации дека тој може да го напушти тимот на ПСЖ, а на тоа коментар даде и неговиот агент кој изјави дека ќе го смени клубот доколку не престанат критиките.

    По сите приказни Верати конечно одлучи да прозбори и да стави крај на шпекулациите.

    „По изјавата против Марсеј се зборуваше дека сум се лутел на тренерот бидејќи не сум сакал да излезам, а тоа не е вистина. Бев лут сам на себе бидејќи сакав да му помгонам на тимот и не сакав поради болка да излезам надвор. Тешко ми е да излегувам секој пат кога ќе добијам удар. Подоцна се видов со тренерот и разговаравме за тоа.“

    Тој се наврати и на односот со новинарите.

    „Се сложувам со новинарите кои ме критикуваат, но не сакам кога измислуваат прикзни. Измислувањето на караници е лошо и минатата недела отиде предалеку. Дури и мојот агент кажа дека можам да го напуштам тимот.“

    „Имам уште еден пример. Еднаш игравме од 17 часот и имавме 2 слободни денови по натпреварот. Излегов со жена ми и пријателите и од тоа се направи контроверзија бидејќи зборуваа дека не смеам да излегувам. Па човек сум како и сите други, имам приватен живот. Работиме напорно по цели недели за да бидеме добри во сите 90 минути.“