Отказот е стокмен: Анри суспендиран од Монако, наскоро се очекува конечна одлука


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од раководството на Монако преку официјално соопштение открија дека го суспендирале Тиери Анри од должностите како тренер на првиот тим се додека не донесат финална одлука околу неговата иднина.

Прославениот француски фудбалер веројатно ќе заработи отказ од клубот само три месеци откако седна на клупата заменувајќи го Леандро Жардим.

Анри го водеше денешниот тренинг, но утре тренингот ќе се одржи под палката на помошникот на францускиот стратег, Франк Паси.

Поранешниот напаѓач на Монако кој се прослави играјќи за Арсенал на клупата на клубот од Кнежевството победи на само два натпревари.

Одредени медиуми јавуваат дека поранешниот тренер на Монако, Леонардо Жардим би можел да направи неверојатен кабмек на клупата на овој тим.