Откако ги доби ветераните од Барселона, Висел Кобе ќе носи млад фудбалер на Каталонците

Јапонскиот клуб Висел Кобе би може да донесе уште еден шпански фудбалер од редовите на Барселона.

Во Кобе веќе настапуваат легендарните Андрес Иниеста и Давид Виља кои играа во Барселона, а сега во јапонскиот клуб веројатно ќе пристигне и Серџи Зампер.

Зампер беше посочуван како наследник на Серхио Бускетс, но воопшто не се снајде во каталонскиот клуб па веројатно ќе си замине наскоро од својот матичен клуб.