Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клаудио Раниери денеска беше назначен за привремен тренер на Рома до крајот на актуелната сезона.
Искусниот стратег на клупата го менува Еузебио Ди Франческо кој по поразот од Порто во Лигата на шампионите заработи отказ од клубот.
Во првата изјава како „старо-нов“ тренер на Рома, Раниери ја побара поддршката од фановите и побара тие да бидат блиски до тимот.
„Ова беше долг ден, зборував со тимот и ги прашував одредени работи. Ситуацијата е деликатна, ќе играме за иднината во преостанатите 12 натпревари. Има шанса да се вратиме во Лигата на шампионите.
Момците се чувствителни, некои не се навикнати на ова, се уште се многу млади за ваков гигантски клуб. Барам од фановите да се блиску до нив и да ги мотивираат, посебно во тешки моменти, затоа што на крајот тие што патат најмногу сме ние, фановите“ коментираше Раниери.