Откриена вистинската причина зошто Роналдо си замина од Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус и понатаму е главна тема на спортската јавност, а многумина се обидуваат да ја дознаат вистината за неговата преселба во Италија.

Роналдо за „кралевите“ одигра девет сезони и освои сè што може да се освои, но многумина веруваат дека можел да игра уште неколку сезони на врвно ниво во Мадрид. Сепак, претседателот Флорентино Перез реши да прифати понуда од 100 милиони евра, зшто желбата на Португалецот била да замине во Торино.

Меѓутоа, шпанските медиуми сметаат дека Реал добро размислил пред конечната одлука, односно процениле дека продажбата на Кристијано е најдобро решение.

Перез со своите соработници решил да го продаде Роналдо затоа што во таков случај ќе заработи профит од 87 милиони евра, додека неговото останување во Мадрид ќе чинело многу повеќе. Тие му плаќаа околу 40 милиони евра за годишна плата плус бонуси.

Од друга страна, новото засилување Маријано Дијаз би можел да го замени Роналдо, а тој годишно ги чини 34 милиони евра помалку од Португалецот. Па, очигледно дека одлуката на „кралевите“ да го пуштат била добро разгледана претходно.