Откриена главната причина за караницата на Мурињо со сопствениците на Јунајтед


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Португалскиот тренер Жозе Мурињо не ја почна најдобро новата сезона во Манчестер јунајтед, а се зборува дека е во проблеми и со управата на клубот.

По првите три кола,  „црвените ѓаволи“ стигнаа до два порази и само една победа, па јасно е дека атмосферата во клубот не е најдобра. А, за да биде работата уште полоша веќе со недели се шпекулира дека Мурињо не е во најдобри односи со управата на клубот.

Португалецот имаше листа со желби на фудбалери кои сакаа да ги донесат во Јунајтед летово, но управата тоа го одби, па Мурињо се налути.

„Би-Би-Си“ пишува дека Мурињо во стартот бил против ангажирањето на Роналдо, зашто немал добра соработка со него во Реал Мадрид. Наводно, тоа е причината за големата караница.