Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Луис Суарез беше мета на критики по „Ел Класико“ поради неговите години, иако го декласираше Реал Мадрид.
Суарез имаше одговор и за критичарите, па кажа дека е нормално тоа што Каталонците бараат негова замена.
„Знам дека не им е лесно. Барселона бара замена затоа што имам 31 година и мора некој да ме наследи во тимот“, кажа Суарез.
Неколку имиња се појавија, а некои од нив се Хари Кејн, кој дефинитивно е невозможна желба на управата.
Потоа се споменуваат Тимо Вернер и Каспер Долберг, а тие дефинитивно најлесно би можеле да ги ангажираат.
Исто така се споменува и Мауро Икарди, но и тој е тешка мета за клубот, а притоа не го сака ниту Лионел Меси поради тоа што му го направи на неговиот пријател Макси Лопез.