Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред повеќе од еден месец, спортската јавност ја потресе веста за падот на хеликоптерот на сопственикот на Лестер сити, Вичај Шриваданапраба.
Трагедијата се случи по дуелот помеѓу Лестер и Вест хем, кога кратко по полетувањето од стадионот „Кинг Пауер“ се урна хеликоптерот на паркингот покрај стадионот.
Англиските медиуми денеска објавија дека истрагата покажала дека откажувањето на механизмот, кој ги поврзува педалите во трупот на леталото и роторот на хеликоптерот се причина за несреќата.
Уште не е познато што го предизвикало тој проблем, но наскоро би можело да биде и тоа откриено.
Да потсетиме, Вичај беше сопственик на Лестер од 2010 година, а една година подоцна стана и претседател на клубот. Под негово водство „лисиците“ ја освоија шампионската титула во 2016 година.