Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓
Додека ја чекаат продажбата на Тибо Куртоа, од административни причини се пред ангажирање на поранешен англиски репрезентетивец.
Се чека трансферот на Куртоа во Реал, а Челси во меѓувреме преговара со 38-годишниот голман Роб Грин.
поранешниот репрезентативец е на чекор од „Стемфорд бриџ“, а многумина ги зачуди овој потег. Сепак, станува збор за тоа што Челси мора да го исполни бројот на англиски играчи, па Грин ќе добие едногодишен договор.
Тоа би овозможило да биде реализирана позајмицата на талентираниот Џамал Блекман во Лидс.
Грин би бил трет голман, а ако Куртоа замине, тогаш постојат неколку алтернативни решенија за првата екипа, а меѓу нив се Петр Чех, Пикфорд, Џанлуиџи Донарума, Каспер Шмајхел…