Откриено колку пари ќе заработуваат Бонучи, Игуаин и Калдара!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ откри колку пари ќе заработува Леонардо Бонучи во Јувентус, како и Гонзало Игуаин и Матија Калдара во Милан.

Тие тројца треба да поминат лекарски прегледи, а потоа да ги комплетираат трансферите во екипите.

Бонучи ќе добие намалување на платата од осум милиони евра која ја имаше во Милан, па сега ќе заработува 5,5 милиони.

Од друга страна, Игуаин ќе добива по девет милиони евра годишно на „Сан Сиро“, а Калдара ќе добие плата од само два милиони евра.