Откриено колку Роналдо ќе паузира во Лигата на шампиони


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо доби директен црвен картон во дуелот со Валенсија, а денеска на состанокот на УЕФА беше објавено дека тој ќе паузира само еден натпревар.

Иако Феликс Брих му покажа директен црвен картон, многумина сметаат дека згрешил и му дал преголема казна на Португалецот.

Роналдо по состанокот беше казнет со само еден натпревар казна, па така Масимилијано Алегри нема да може да смета на својата ѕвезда само на вториот натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони против Јанг Бојс.