Откриен беше благодарение на Ето, а од лето ќе брани во – Барселона!?


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Барселона наредното лето ќе ангажира нов голман, откако беше најавено дека Каспер Силесен ќе го напушти „Камп ноу“, а во Каталонија ќе пристигне 22-годишниот Камерунец, Андре Онана.

Онана е одличен во дресот на Ајакс, па таму го замени токму Силесен, кој во 2015 година се пресели во Барселона.

Интересно е тоа што Онана веќе бил во Барселона и тоа пред девет години кога потпишал договор за младинските категории, а откриен бил благодарение на школата која ја финансирал Самуел Ето.

Покрај Барселона, за 22-годишниот голман се заинтересирани Тотнем, Арсенал и Вест хем, а неговата цена се проценува на 20 милиони евра.

„Сметам дека Андре е фантастичен голман. Стигна тука како момче, а начинот на кој се разви, покажува дека ќе биде врвен чувар на мрежата“, кажа легендарниот Ван дер Сар.