Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од таборот на Бурнемут го претставија и второто засилување во името на Натан Аке, откако вчера објавија дека постигнале договор со одличниот напаѓач Џермејн Дефо.
Аке во редовите на Бурнемут доаѓа за рекордна сума од 20 милиони фунти, а со клубот потпиша долгогодишен договор.
„Минав одличен период тука минатата сезона, па јас сум многу среќен што се враќам назад. Ова е возбудлив предизвик, Челси е голем клуб и јас научив многу таму, но ова е нов чекор за мене и вистинско место за да напредувам во кариерата“- коментираше Аке по потпишувањето на договорот.
Инаку Аке помина добар дел од минатата сезона на позајмица во Бурнемут и одигра одлични натпревари, па беше повлечен од страна на Конте во матичниот клуб Челси каде почесто беше на трибините отколку на теренот.