Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулираше, а денес стана официјално. Англија продолжува во ист ритам.
Како што беше најавувано, Герет Саутгејт ќе остане на чело на Англија, отккао потпиша 4-годишен договор со репрезентацијата.
Саутгејт ја доби улогата откако оставка поднесе Сем Алардајс, но никој не очекуваше тој да го превземе тимот и ќе остане во репрезентацијата.
Се шпекулираше дека на чело на Англија ќе седне Венгер или Клинсман, а во приказната беа и Еди Хау, како и Алан Пердју.
На дебито победи против Малта со 2:0, а потоа ремизираше со Словенија во гости. Тогаш делуваше дека Саутгејт нема да успее да остане на клупата, но се сменија работите на наредниот натпревар.
Тие ја победија Шкотска со 3:0, па тогаш стана јасно дека тој ќе ја добие довербата.
Потоа ремизираше со Шпанија во пријателски натпревар, а искрено Англичаните заслужија победа бидејќи водеа се до продолжението на второто полувреме и тоа со 2:0.
Во секој случај, Англија е прва во група Ф во квалификациите за СП во Русија, имаат 2 бодови повеќе од Словенија, 3 од Шкотска, па делува дека имаат добри шанси за пласман на СП.