Официјално: Анри е нов тренер на Монако! (ФОТО)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Легендарниот Тјери Анри пред повеќе од три години ја ззаврши својата кариера, а веднаш потоа почна тренерска кариера.

Анри успешно соработуваше со Роберт Мартинез во стручниот штаб на репрезентацијата на Белгија.

Сепак, Французинот сметаше дека дошло време за негов прв самостоен тренерски ангажман.

Како што најавуваат претходно многу француски медиуми, Анри конечно се врати во својот поранешен клуб.

Анри на клупата ќе го замени Леонардо Жардим, кој пред два дена доби отказ, а го водеше Монако од 2014. година.