Официјално – Астон Вила го донесе Хоган

Астон Вила конечно го донесе Скот Хоган.

Вест Хем се бореше за Хоган, но Вила во последни моменти успеа да се договори.

Трансферот ќе изнесува 15 милиони евра и договорот е потпишан на 4 и пол години.

Од овој трансфер ќе профитира и Рокдејл кој ќе добие 3 милиони фунти од овој трансфер.

„Со ваква историја и традиција, не можам да дочекам да почнам со работа и да му помагам на тимот.“

„Се случи набрзина и сега сакам само да ги запознаам моите нови соиграчи.“