Официјално – Барнли го доведе првото засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После поразот од од Манчестер Сити, еве и добри вести за Шон Дајч.

Екипата на Барнли во минатата сезона ја освои Чемпионшип и така избори пласман во највисокиот ранг во англиската лига.

Во Премиер лигата засега солидно котираат, важат за домашна екипа која тешко ќе ја добиете на Турф Мур.

Сега го ангажираа и првото засилување за зимскиот преоден рок, а во прашање е еден од клучните играчи на овој клуб од сезоната во која ја изборија промоцијата во ПЛ, Џои Бартон (34).

Контроверзниот фудбалер беше одличен во дресот на Барнли, но во ова лето се одлучи да не го продолжи договорот и да се придружи на екипата на Глазгов Ренџерс.

Епизодата во Шкотска сака што побрзо да ја заборави, бидејќи е суспендиран поради обложување.

Му се закануваше суспензија и во Англија, но е ослободен од обвинувањата и тоа финализираше се околу преминот во редовите на екипата која од клупата ја предводи Шон Дајч.

Бартон со Барнли финализираше договорт до крајот на тековната сезона.