Официјално: Бери нов играч на ВБА


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како и што се најавуваше, Герет Бери од денес и официјално е член на англискиот премиерлигаш, Вест Бромвич Албион.

Бери во тимот на Тони Пјулис доаѓа како замена за Дарен Флечер кој замина во редовите на Стоук, а со ВБА потпиша едногодишен договор за се уште непозната сума.

„Сакав да дојдам за да му помогнам на тимот. Тоа отсекогаш беше мој императив, каде и да играв. Сакам да му помогнам на тимот да напредува, ќе работам напорно и се надевам дека ќе додадам квалитет на групата“- коментираше Герет Бери.

Бери во моментов е најискусниот играч со премиерлигашко искуство. Поранешниот репрезентативец на Англија има само пет настапи помалку од Рајан Гигс, играчот кој со 632 натпревари е на врвот по бројот на настапи во Премиер Лигата.