Официјално: Биг Сем отпуштен од Евертон


Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓


Од таборот на Евертон потврдија дека Сем Алрдајс си заминал од позицијата тренер на клубот по само седум месеци на клупата на „карамелите“.

Во клупското соопштение од Евертон му се заблагодарија на Алрдајс за неговата работа во клубот, но исто така појаснија дека тој не бил дел од нивните долгорочни планови за во иднина.

„Сакам да му се заблагодарам на Сем за работата која ја стори во Евертон во претходните седум месеци. Сем беше донесен во доста предизвикувачко време минатата сезона за да ни донесе стабилност, а ние му сме благодарни што го стори тоа.

Како и да е, донесовме одлука како дел од нашиот долгогодишен план да назначиме нов менаџер ова лето“ коментираше извршниот директор на Евертон, Денис Барет Баксендал.