Официјално: Билиќ повеќе не е тренер на Вест Хем


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на Вест Хем и официјално одлучија да се разделат со досегашниот предводник на клубот, Славен Билиќ.

„Чеканите“ на својата официјална страна објавија соопштение во кое наведуваат дека е прекината соработката со Хрватот и неговиот стручен штаб. Во соопштението меѓу другото челните лица на Вест Хем му се заблагодарија на Билиќ за неговата досегашна работа во клубот.

Вест Хем воопшто не ги исполни очекувањата на стартот на сезоната и покрај тоа што ова лето во тимот донесоа топ фудбалски имиња како Џо Харт, Чичарито и Марко Арнаутовиќ.

На големо се шпекулира деканов предводник на „Чеканите“ ќе биде Дејвид Мојс кој во минатото ги водеше тимовите на Евертон, Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд.