Официјално: Ван Бомел си најде сериозен тренерски ангажман!

Актуелниот шампион на Холандија, ПСВ Ајндховен, за нов тренер го постави поранешниот одличен фудбалер, Марк Ван Бомел.

Тренерската позиција во ПСВ остана празна, откако си замина Филип Коку, а во клубот одлучија доверба да му дадат на легендарниот Ван Бомел.

Од ПСВ официјално соопштија дека Ван Бомел потпишал договор на три години, а за него ова ќе биде прва посериозна тренерска работа во кариерата. Претходно тој ги тренираше јуниорите на ПСВ, а работеше и како асистент во Саудиска Арабија и Австралија.

Ван Бомел во кариерата има играно за ПСВ, Милан, Барселона, Баерн…