Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Виктор Мозес беше клучен во тимот на Челси во ерата на Конте кој во 2017. година стигна до шампионската титула во Премиер лигата. Сепак, по пристигнувањето на Маурисио Сари на клупата на „Плавите“ се се промени за сестраниот Нигериец.
Мозес очигледно не се вклопува во тактичката замисла на Сари, и оваа сезона запиша дури шест настапи за Челси во сите натпреварувања, а последен пат на теренот истрча во октомври изминатата година.
Челси поради тоа одлучи да го испрати Мозес на позајмица и тоа во Фенербахче, каде им е потребна помош со оглед на тоа дека се наоѓаат во незапаметена криза.
Денес пак, трансферот на Мозес беше и официјализиран.
Фенер успеа да се договри за едногодишна позајмица со Челси, па Нигериецот во Истанбул би требало да остане до крајот на сезоната 2019/20.
Треба да се додаде дека договорот на Мозес со Челси важи до летото 2021. година, Инаку, овој крилен фудбалер е член на Челси од летото 2012. година, а „Плавите“ во текот на годините веќе неколкупати го испратија на позајмици и тоа во Ливерпул, Стоук и Вест Хем.
Фенербахче моментално е на 15. позиција во Супер лигата, над зоната за испаѓање се наоѓаат, а синоќа доживеаа нова бламажа – во Купот на Турција беа елиминирани во осминафиналето од второлигашот Умранијеспор.
Fenerbahçe’ye hoş geldin @VictorMoses!
?https://t.co/vGN3ZEZ8gY pic.twitter.com/HlRrVO9Jf8
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) January 25, 2019