Официјално: Во Торино слават, еден од клучните играчи го продолжи својот договор


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Старата дама“ заврши уште една голема работа.

Јувентус ова лето направи вистински потрес во светот на фудбалот со носењето на Кристијано Роналдо во своите редови, а ги зачуваа и сите клучни играчи.

Еден од нив е дефинитивно Миралем Пјаниќ кој вчера потпиша нов договор и на северот на Италија ќе остане до 2023 година.

Босанецот беше голема желба на бројни европски клубови, се споменуваше дека би можел да се пресели во Барселона, или во некој од двата тима во Манчестер, но изгледа дека неговиот агент Фали Рамадани го одработил своето и на својот клиент му обезбедил навистина висок договор.
Официјални суми не се споменуваат но јавна тајна е дека на годишно ниво ќе изнесува 6.5 милиони евра нето.

Задоволни и едните и другите.