Официјално: Во Челси се врати познато име


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Од таборот на Челси потврдија дека Џо Кол ќе се врати во клубот во 2019 година и ќе ја извршува позицијата технички тренер во академијата.

37 годишниот поранешен англиски репрезентативец ќе работи со неколку различни возрасни групи во Челси во следните шест месеци вклучувајќи и работа со у18 тимот на „Сините“.

Сето ова е само чекор кон студиите кои Кол ги има пред да ги добие потребните квалификации за тренер на сениорски тим.

Кол седум години го носеше дресот на Челси од 2003 до 2010 година и за тоа време освои три титули со лондонскиот клуб.