Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Бурнемут официјално потврдија дека Џермејн Дефо ќе биде нов фудбалер на клубот.
34 годишниот фудбалер на „Виталити стадионот“ пристигнува како слободен агент, а потпиша договор во времетраење од три години.
Дефо како тинејџер настапуваше во редовите на Бурнемут како позајмен фудбалер од редовите на Вест Хем.
„Прекрасно е што сум назад и со нетрпение го очекувам овој предизвик. Само што излезе можноста да се вратам во Бурнемут знаев дека тоа ќе биде вистински избор. Одлуката беше лесна, се приклучуван на топ тим со топ менаџер. Ова е прекрасно место за да се игра тука“- коментираше Дефо веднаш по потпишувањето на договорот.