Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Евертон го комплетираше трансферот на турскиот интернационален напаѓач Ченк Тосун од редовите на Бешикташ.
Висината на трансферот е околу 27 милиони фунти, а „карамелите“ го потврдија трансферот на полувремето од натпреварот против Ливерпул во рамките од ФА Купот.
Тосун кој во досегашната кариера има постигнато 41 погодок во турската Супер Лига истакна дека Сем Алрдајс бил „виновникот“ за неговата одлука да се пресели на „Гудисон Парк“.
Се очекува турскиот репрезентативец во редовите на Бешикташ да го замени нашиот интернационалец Адис Јаховиќ.