Официјално: Евертон го „украде“ Бразилецот кој го сакаше Милан! (ФОТО)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Евертон на социјалните мрежи потврди дека го осигурал потписот на Бернард, кој беше слободен играч откако му заврши договорот со Шахтјор Доњецк.

Бразилецот беше голема желба на Милан и Челси, но „сините“ го ангажираа претходно Матео Ковачиќ, па „росонерите“ се надеваа дека ќе го добијат Бернард, но не успеаа во тоа.

Бернард пристигнува на „Гудисон парк“, каде што треба да остане четири години, колку што потпиша договор.