Официјално: Еве колку „Специјалниот“ удри по џебот на Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Отказот на тренерот на Мурињо го чинеше Манчестер Јунајтед 25 милиони долари.

Во финансиските резултати објавени денес, Јунајтед наведе 25 милиони долари во исклучителни трошоци во врска со отказот на Мурињо и шестмината членови на стручниот штаб.

Мурињо е отпуштен во декември по две и пол години поради лошите резултат, бидејќи екипата во тој момент беше на шестата позиција во Премиер лигата.

Екипата до крајот на сезоната ќе ја предводи Оле Гунар Солскјер. Екипата под негово водство игра фантастично, моментално се наоѓа на четвртата позиција на табелата, а во вторникот го претрпе првиот пораз откако Солскјер го презеде клубот. Јунајтед изгуби од ПСЖ со 0:2, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.