Официјално: Евра заработи отказ од Марсеј

Од Марсеј денес со официјално соопштение се обратија до јавноста по повод настаните со нападот на Патрис Евра врз еден фан.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус и официјално е отпуштен од францускиот клуб. Покрај тоа Евра заработи суспензија од УЕФА и нема право на настап во европските натпреварувања до 30 јуни 2018 година.

Евра исто така заработи и парична казна од 10.000 евра поради ударот во главата на фанот на Марсеј. Француските власти може да испратат и дополнителна казна за левиот бек.