Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Лидс јунајтед денеска официјално го претстави новиот стратег Марсело Биелса, кој ќе ја предводи екипата во наредните две години.
Еден од најконтроверзните тренери го исполни својот сон да работи во Англија, а во екипата, кадешто игра нашиот интернационалец Езџјан Алиоски, го чека тешка работа за да го врати клубот во Премиерлигата.
„Имав неколку шанси да дојдам во Англија во текот на кариерата, но секогаш одложував и го чекав вистинскиот проект. Понудата на клуб со историја, каква што ја има Лидс, беше невозможно да се одбие“, вели Биелса.
Биелса е тренер кој го следеа голем број скандали, а ќе остане запаметен и по тоа што беше тренер на Лацио само неколку дена, пред да одлучи да замине од клубот поради тоа што не се сложувал со управата.















