Официјално: Емерсон Палмиери нов фудбалер на Челси


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Емерсон Палмиери од вечерва и официјално е нов фудбалер на Челси.

Иако лондонскиот клуб се уште го нема потврдено трансферот на Палмиери, на социјалните мрежи се појавија фотографии од играчот како позира со дресот на Челси.  Емерсон во Челси ќе го носи дресот со број 33, а со комплетирањето на овој трансфер станува јасно дека трансферот на Џеко пропаѓа.

Фотографијата на Емерсон Палмиери на Твитер ја сподели Џон Хариот кој е агент на играчот.

Се очекува во наредните неколку часа и двата клуба да го потврдат трансферот.