Официјално: Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Галакси


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сега е и официјално дека Златан Ибрахимовиќ и дефинитивно нема да се врати во Европа и да го облече дресот на Милан затоа што го продолжи со Лос Анџелес Галакси и за следната сезона.

Шведскиот напаѓач одигра одлична прва сезона во градот на Холивуд постигнувајќи 22 голови и запишувајќи десет асистенции.

„Многу сме задоволни што Златан потпиша нов договор кој ќе го задржи во клубот цела 2019 сезона. Покажа колку е вреден за нас минатата сезона и со нетрпение очекуваме да го претставува нашиот клуб и следната година“коментираше генералниот менаџер на Галакси, Денис Клоесе.