Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Валенсија денес и официјално го претстави францускиот интернационалец Францис Кокелан како нивен втор нов фудбалер оваа зима.
Поранешниот член на Арсенал со „лилјаците“ потпиша договор до 30 јуни 2022 година во кој ќе има неверојатна откупна клаузула од 80 милиони евра.
Кокелан е второ засилување за Валенсија по Вието кој на „Местаља“ пристигна пред една недела. Играчот од средниот ред во Валенсија ќе го носи дресот со број 17.
Во следните денови се очекува уште неколку фудбалери да го напуштат Арсенал. Денес како бомба одекна веста дека за Алексис Санчез одлична понуда испратил Манчестер Јунајтед кој го нуди Микитаријан во замена за неговите услуги.