Официјално: Крсте Велкоски го продолжи договорот со Сараево!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на ФК Сараево, Крсте Велкоски го продолжи договорот до 2021 година и така ги израдува навивачите.

Велкоски стигна првпат во 2014 година во клубот, а потоа се врати во јули 2017 година, па со своите настапи заслужи продолжување на соработката.

„Мило ми е што се договорив со Сараево и што за клубот ќе настапувам и во наредниот период. Се радувам на неделниот собир и што повторно ќе ги видам колегите“, кажа Велкоски.

Во моментов Сараево има пет бода повеќе од Жрињски, а Велкоски се надева дека на првото место ќе останат и по пролетната полусезона.