ОФИЦИЈАЛНО: Лаказет е нов играч на Арсенал !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според француските медиуми, трансферот на најдобриот фудбалер на Олимпик Лион во  Арсенал, е готова работа.
„Топчиите“ го потпишале довчерашниот фудбалер на Лион, Александар Лаказет  кој во следните 24 часа ќе ги помине лекарските прегледи и ќе стави потпис на 4 годишен договор со клубот.

Додека пак, изворите блиску до францускиот клуб говорат дека сумата која Арсен Венгер, ќе ја искешира на Лион е околу 50 милиони евра.

Со овој трансфер, другиот интернационалец на „триколорите“ во Арсенал ќе нема место, па така според островските медиуми, Оливије Жиру е пред преселба во Евертон, кој е спремен да плати оштета од 20 милиони евра.