До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Францускиот интернационалец Елиаким Мангала го комплетираше трансферот во редовите на Евертон.
Играчот од одбраната на „Гудисон парк“ пристигнува како позајмен фудбалер и ќе го носи дресот во следните шест месеци.
„Презадоволен сум што имам можност да играм за Евертон и со нетрпение очекувам да го облечам дресот на овој клуб за прв пат. Евертон е многу добар тим со квалитетни играчи, а јас сакам да играм во тим кој поседува квалитет а има и големи амбиции“- коментираше Мангала.
Французинот настапи на девет натпревари во Премиер лигата за Манчестер Сити оваа сезона.















