Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Манчестер Сити во своите редови го донесе 22 годишниот Бразилски голман, Едерсон.
Бразилецот официјално на клубот ќе му се приклучи на 1 јули. Во интервју за клупскиот сајт на Манчестер Сити, Едерсон не го криеше задоволството од потпишувањето на договорот со „Граѓаните“.
„Ми се допаѓа се околу Манчестер Сити. Клубот е одличен, лигата е одлична, а навивачите се неверојатни. Отсекогаш сонував да играм во Англија, а сега мојот сон ќе се оствари.“
Едерсон е второто засилување за тимот на Манчестер Сити, а цената која „Граѓаните“ ќе ја платат на Бенфика изнесува околу 37 милиони фунти.