Официјално: Манчестер Јунајтед донесе нов голман


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Тоа што се најавуваше во претходните неколку денови, денес доби и официјална потврда. Манчестер Јунајтед изненади многумина и го донесе 35 годишниот голман Ли Грант.

Сега веќе поранешниот член на Стоук, Грант, потпиша двегодишен договор со тимот на Манчестер Јунајтед и ќе претставува трета опција за голманската позиција зад Серхио Ромеро и незаменливиот Давид Де Геа.

„Трансферот во Манчестер Јунајтед е мој сон откако паметам за себе. Ова беше можност која не можев да ја оставам да помине и сум пресреќен што станав дел од толку историски клуб. Уживав во секој момент од мојата кариера досега и подготвен сум да продолжам да учам и да напредувам покрај едни од најдобрите фудбалери во светот. Но, во исто време ќе настојувам да го искористам моето искуство да му помогнам на тимот на кој било начин“ –коментираше Ли Грант по потпишувањето на договорот.