Официјално: Манчестер јунајтед ја продолжи соработката со Фил Џонс (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед полека почна да обезбедува потписи на своите фудбалери, а уште еден во низата кој потпиша договор е Фил Џонс, кој би требало да остане на „Олд Трафорд“ до 2023 година.

„Црвените ѓаволи“ оставија опција да ја продолжи истата соработка на дополнителни 12 месеци по завршување на договорот.

„Горд сум што потпишав нов договор. Манчестер јунајтед е голем дел од мојот живот и го засакав тоа што е поврзано со клубот. Се радувам на новите предизвици“, вели Џонс.

Јунајтед претходно ја продолжи соработката со Ентони Марсијал и Ешли Јанг, а во тек се преговорите со Маркус Рашфорд и Андер Ерера.