Официјално: Маркизио има нов клуб (Фото)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио и официјално потпиша двегодишен договор со рускиот тим на Зенит.

32 годишниот фудбалер беше слободен агент откако спогодбено го раскина договорот со Јувентус и беше слободен во изборот на нова средина.

Зенит доби големо засилување во средниот ред пред натпреварите во рускиот шампионат, но и во Лигата на Европа каде ќе се натпреваруваат оваа сезона.

Покрај Зенит за Маркизио сериозен интерес имаше од Монако и од Виљареал, но на крајот Италијанецот се одлучи да го облече дресот на рускиот гигант.