Официјално: Марсијал останува до 2024 година во Манчестер јунајтед (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед му го продолжи договорот на Ентони Марсијал до 2024 година и тука ги запре сите приказни за неговото наводно заминување од „Олд Трафорд“.

Конечно успешно завршија преговорите меѓу 23-годишниот Марсијал и управата на „црвените ѓаволи“, па ја продолжија соработката.

Марсијал притоа доби поголема плата, а кажа дека го сака клубот и го чувствува како негово семејство.

„Го сакам клубот. Откако пристигнав ги чувствувам сите во клубот како семејство и ја чувствувам љубовта на навивачите“, објасни Марсијал.